Во соопштението објавено на социјалните мрежи, раководството на бунтовниците наведува дека е строго забрането мешање во начинот на облекување на жените.
„Строго е забрането некој да се меша во облекувањето на жените или да се наметнуваат какви било барања во однос на нивната облека или изглед“, се вели.
Во соопштението се нагласува и дека личната слобода е загарантирана за сите Сиријци и дека почитувањето на човековите права е основа за градење цивилизирана нација, а најавено е и воведување нулта-толеранција за насилството врз новинарите. За закани кон претставници на медиумите е планирана затворска казна од една година.
Абу Мохамед ал Џолани ги прекина своите врски со Ал каеда и сега вели дека се залага за разноликост и толеранција.