недела, 19 јануари 2025

Во израелските напади врз северна и централна Газа загинаа најмалку 31 Палестинец

Во израелските напади на северниот и централниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 31 Палестинец, од кои повеќето загинаа во Бејт Лахиа на северот, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални медицински извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Здравствените власти соопштија дека во израелски воздушен напад врз зграда во Бејт Лахиа загинале најмалку 22 лица, меѓу кои и жени и деца.

Палестинската новинска агенција Вафа јави дека најмалку 30 луѓе живееле во повеќекатната зграда што била погодена, додавајќи дека членови на семејството сѐ уште се водат како исчезнати додека продолжуваат спасувачките операции.

Претходно денеска, најмалку седум Палестинци беа убиени, а неколкумина беа ранети во израелски воздушен напад врз куќа во кампот Нусеират.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека во раните утрински часови биле истрелани четири ракети врз Израел од Појасот Газа. Во соопштението на официјалниот канал Телеграм, ИДФ рече дека ракетите биле пресретнати и нема извештаи за жртви.

Од друга страна, палестинската агенција Вафа јавува и дека израелските безбедносни сили уапсиле тројца мажи во Калкилија, во областа на Западниот Брег под израелска окупација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ