сабота, 25 јануари 2025

Поранешниот директор на ЕСМ, Стефанов дава исказ пред судија на претходна постапка

Во Кривичниот суд Скопје сѐ уште трае распитот на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, кој е еден од 23 луѓе што се осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во вчерашната акцијата „Адитив“ на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК).

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска беше спроведен во Кривичниот суд откако вчера беше приведен на граничниот премин Табановце.

Од МВР вчера информираа дека е спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, при што се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје. Се трага и по поранешниот директор на ЕСМ, претходникот на Стефанов, Васко Ковачевски.

„За време на акцијата обезбедени се голем број материјални докази, а кај тројца се пронајдени и одземени околу 130.000 евра. Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-СКИ -Единица за корупција во соработка со Управата за финансиско разузнавање до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против 23 физички лица и два правни субјекти и тоа: В.К. (55), В.С.  (57), А.М. (44), П.М. (46), Н.С. (48), М.С. (45), Д.С. (43), М.Ј. (35), П.Ч. (46), Д.С. (59), З.Н. (58), С.М. (63), М.В. (58), В.М. (61), З.А. (38), Д.Ч. (47), Д.С.  (48), С.К. (53), С.М. (54), Н.Н. (35), П.С. (69), М.С. (54), Р.С. (42), потоа правно лице од  Неготино, како и правно лице од Скопје. Од нив, 21 лица се лишени од слобода, а за две се преземаат мерки за пронаоѓање“, соопшти МВР.

Осомничените во текот на 2023 и 2024 година во Неготино, Битола, и Скопје организирале група која имала за цел вршење на кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ