вторник, 14 јануари 2025

Историски момент: Македонија првпат имаше параалпски скијачи на ФИС тркa

Македонските параалпски скијачи, Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов во придружба на тренерите Јане Стефанов и Петар Илиев настапија на две ФИС трки во Зурс, Австрија.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е историски момент за македонскиот спорт, Јовановски и Тркаљанов се нашите први параскијачи кои биле дел од официјално ФИС натпреварување.

На двете трки Зоран Јовановски го освои седмото место и заработи ФИС точки, додека Вангел Тркаљанов не успеа да ја заврши трката.

Претстојат уште трки според ФИС календарот на кои се очекува учество на нашите натпреварувачи, како и подготовки на предвидените кампови за параскијање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ