петок, 24 јануари 2025
Последната задача за македонскиот судија

Ставрев на легендарниот „Драгао“ во Порто ќе ја заврши судиската кариера

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев веќе се збогува со македонскиот фудбал, а во четврток ќе го има крајот и на меѓународната сцена.

Објавено на

часот

Сподели

Дуелот меѓу Работнички и Пелистер беше последен за Ставрев на македонската сцена, му остана уште една задача пред да отиде во пензија.

УЕФА му го додели натпреварот од Лига Европа меѓу Порто и Митјиланд, што значи дека Александар Ставрев судиската кариера ќе ја заврши на легендарниот „Драгао“ стадион.

Тоа ќе биде последен меч и за неговиот помошник Дејан Костадинов кој исто така се збогува од судењето.

На Драгао втор помошник ќе биде Гоце Петрески, а четврти судија Игор Стојчевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ