сабота, 25 јануари 2025

Иранскиот лидер: Соборувањето на Асад е резултат на американско-израелски план

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад е резултат на план на САД и Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден од соседите на Сирија исто така одигра улога, рече тој. Тој не ја именуваше земјата, но се чини дека мисли на Турција, која ги поддржува бунтовниците против Асад.

Падот на Асад се смета за голем удар за политичкиот и воен сојуз на Оската на отпорот предводен од Иран, кој се противи на израелското и американското влијание на Блискиот Исток.

„Она што се случи во Сирија главно беше планирано во командните соби на Америка и Израел. Имаме докази за тоа. Беше вклучена и влада на соседна земја“, рече Хамнеи во говорот што го пренесоа иранските државни медиуми. Соседот имаше „јасна улога и продолжува тоа да го прави“, рече тој.

Турција, членка на НАТО, која контролира делови од земјата во северна Сирија по неколку прекугранични упади против милицијата ЈПГ на сириските Курди, е главниот поддржувач на опозициските групи кои се обидуваа да го соборат Асад од избувнувањето на граѓанската војна во 2011 година.

Иран потроши милијарди долари за поддршка на Асад за време на војната и ја распореди Револуционерната гарда во Сирија за да го задржи својот сојузник на власт.

Неколку часа по падот на Асад, Иран рече дека очекува продолжување на односите со Дамаск врз основа на „далековидниот и мудар пристап“ на двете земји и повика на формирање инклузивна влада која ќе ги претставува сите сегменти на сириското општество.

Во својот говор, Хамнеи, исто така, рече дека сојузот предводен од Иран ќе зајакне во целиот регион.

„Колку повеќе вршите притисок, отпорот станува се посилен. Колку повеќе злосторства правите, толку станува порешителен. Колку повеќе се борите против него, толку повеќе се шири“, рече Хамнеи.

„Иран е силен и моќен – и ќе стане уште посилен“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ