среда, 27 ноември 2024
Куп на Македонија

Вардар против Еурофарм Пелистер во финалето од Купот на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Вардар ќе го брани трофејот од Купот на Македонија и ќе се бори за својот 16. пехар во ова натпреварување откако денеска беше подобар од Алкалоид.

Мечот почна неизвесно, така беше во првите десетина минути, а потоа Вардар направи серија од 6-0, се одлепи на 11-5 и знаеше како до крајот да ја сочува, дури и да ја зголеми на конечни 31-22.

Еден од хероите е голманот Томовски кој имаше дури 17 интервенции од кои 11 во првото полувреме. Манасков беше одличен со 12 голови, шест даде Георгиевски. Во составот на Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со шест голови.

Пелистер немаше проблем против Пролет, го совлада рутински со 28-21.

Најефикасен кај Пелистер беше Кузманоски со седум голови, додека Костески постигна пет, а во редовите на Пролет се истакна Палевски со шест погодоци.

Финалето е в сабота од 18 часот во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ