вторник, 22 октомври 2024

Вардар падна во второто полувреме и загуби од Порто

Во третото коло од Европската лига, Вардар го доживеа вториот пораз откако денеска во СЦ „Јане Сандански“ беше поразен од Порто со 26-22.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот тим денеска имаше две изданија, добро првото полувреме и лошо второ кое беше причина за поразот.

Порто подобро го почна мечот и дојде до предност од 6-3, но потоа следуваше серија на Вардар од 4-0 кој дојде до предност од 7-6. Голема борба се водеше до крајот на првиот дел, а на паузата црвен-црните заминаа со два позитива, 12-10.

Во средина од второто полувреме следуваше голем пад на Вардар кога девет минути не можеше да постигне гол. Португалскиот тим направи голем пресврт и на крајот дојде до победа од 26-22.

Родригез со четири гола беше најефикасен кај Вардар, по три дадоа Лазаревски, Крсманчиќ и Георгиевски. Во составот на Порто Диоку и Оливеира постигнаа по седум.

За седум дена Вардар му гостува на Порто.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ