Црвено-црните тргнаа одлично, направија серија од 3-0, но Алкалоид брзо возврати и направи пресврт поведувајќи со 7-6. Сепак, Вардар на одморот замина со два гола предност, беше 15-13.
Возбудливо беше во второто полувреме, Алкалоид израмни на 19-19, Вардар повторно се крена во финишот, поведе и со три разлика, но не успеа да ја задржи таа предност, на две секунди до крајот домаќините имаа шанса и од пенал, но ударот на Срдановиќ го одбрани Галевски. Конечниот резултат беше 29-27.
Во составот на Вардар најефикасен беше Дмитро Хориха со седум голови, кај Алкалоид Марко Митев постигна пет.