сабота, 28 септември 2024

Вадел пари од туѓа картичка без знаење на сопственикот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против З.Т.(59) од Пробиштип кој неовластено подигнал туѓи парични средства од банкомат.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, З.Т. се сомничи дека сторил кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

„На 04.05.2024 пријавениот, искористувајќи го моментот кога оштетениот од банкомат на банка во Пробиштип  не успеал да подигне парични средства и не се одјавил од системот, неовластено од неговата сметка подигнал парични средства во износ од 20.000 денари“, стои во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ