Како што соопштуваат од МВР, полициските службеници го привеле Ѓ.Ш.(29) на улицата Живко Брајковски во Гостивар по претходно издадена судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело разбојништво.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.