среда, 27 ноември 2024

ВАДА бара двегодишна суспензија за Јаник Синер

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража за случајот на тенисерот Јаник Синер и побара двегодишна суспензија за Италијанецот.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот светски рекет бил позитивен на клостебол во март 2024 година, но случајот излезе на виделина минатиот месец, на една недела пред УС Опен. Меѓународната агенција за интегритет во тенисот го прогласи за невин и го ослободи од обвинение, но во ВАДА не се согласуваат со ваквата одлука.

„ВАДА смета дека заклучокот дека ‘нема вина и се е невнимание“ не е исправен според важечките правила. ВАда бара период за суспензија меѓу една и две години суспензија. Притоа, не бара поништување на кои било резултати, освен оние кои се веќе донесени од страна на првостепениот суд“, стои во соопштението на организацијата.

Јаник Синер се бранеше дека клостеболот во неговиот организам го внел физиотерапевтот кој го третирал без ракавици, а притоа се лекувал поради исеченица. Италијанецот триумфираше на УС Опен непосредно по избивањето на аферата и тој резултат не му е во опасност, но ако биде суспендиран, сигурно ќе го испушти првото место на АТП листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ