сабота, 2 ноември 2024

УСС и Левица бараат анкетна расправа во Собранието за состојбата со студентските домови

По информацијата за само 2.583 студентски легла на располагање за оваа академска година во студентските домови во Скопје, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска во Собранието се сретна со претставници на Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ. На средбата било одлучено да се иницира анкетна расправа во Собранието за состојбата со домови на која директорите и функционерите би дале отчет пред пратениците и студентите.

Објавено на

часот

Сподели

За таа цел, соопштија од Левица, партијата повторно ќе предложи закон за регулација на кириите, односно дефинирање на горна граница на истите.

„Со овој чекор ќе се санира општествената димензија на проблемот кој ги тангира младите и студентите“, велат од Левица.

Мециновиќ ја искажал подготвеноста за преточување во законска материја на секоја идеја која студентските собранија ја имаат за санирање на проблемот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ