среда, 11 декември 2024

Трамп: Ако победам, ќе им дадам важни позиции на Маск и Кенеди Јуниор

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека, доколку победи на изборите, ќе ги постави на важни функции милијардерот Илон Маск и адвокатот и поранешен независен претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, кој го соопшти ова во интервју со новинарот Такер Карлсон, не прецизираше на какви позиции би ги поставил Маск и Кенеди Јуниор, објави Ен-би-си њуз.

Маск отворено го поддржа Трамп, додека Кенеди Јуниор се откажа од претседателската кандидатура и го поддржа поранешниот претседател.

Интервјуто е одржано во Аризона, клучна држава во која Трамп загуби на претходните избори, но во која според последните анкети има мала предност.

Тој посочи дека ќе ги загуби изборите само доколку има „мамење“ и ги предупреди своите поддржувачи да бидат внимателни.

Претседателските избори во Америка ќе се одржат во вторник на 5 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ