четврток, 18 јули 2024
ОЈО бара притвор

Уште еден приведен за помагање на Палчо да избега по убиството на Вања

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице под сомнение дека му помагал на Палчо по извршеното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Се работи за лице кое со ленд ровер му обезбедило превоз на осомничениот и бегство од Македонија. 

Објавено на

часот

Сподели

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое  е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 2 декември било регистрирано на граничните премини во Бугарија и тоа со влез во Бугарија на ГП Калотина и излез од Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка ланд ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор“, се вели во соопштението на ОЈО. 

Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ