Според локалните власти, една цистерна со гориво се запалила, во нападот со беспилотно летало нема жртви, пренесува РИА Новости.
Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека украинската армија погодила складиште за гориво и мазиво во близина на градот Ровенки во „привремено окупираната територија на Луганскиот регион“, пренесува украински Интерфакс.
🔥🔥🔥 BAVOVNA at the Russian oil depot in Rovenky, Luhansk region. pic.twitter.com/dyYmBfQ0Rb
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 12, 2024
„Во оваа база се чуваат нафта и нафтени деривати кои, меѓу другото, се доставуваат и на руската армија“, соопштија од Генералштабот.
Нападот го извршија силите на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина во соработка со други компоненти на одбранбените сили.
На социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледа како гори складиште за нафта, по напад на беспилотно летало, потоа сателитски снимки го потврдија пожарот во реонот на магацинот за нафта во Ровенки.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле 17 беспилотни летала над Краснодар, 12 над Курск, две над Белгород, додека други 16 биле соборени покрај брегот на Азовското Море.