среда, 27 ноември 2024

Украинците уништија магацин за оружје во Русија, прогласена е вонредна состојба во три села (ВИДЕО)

Украина денеска во напад со беспилотно летало на руска територија погоди магацин за оружје во регионот Воронеж, пренесуваат медиумите. Целта беше магацин во близина на малиот град Острогошск, на околу 100 километри од градот Воронеж, објави независниот интернет портал Астра.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Иако не се споменуваше магацинот за муниција, гувернерот Александар Гушев прогласи вонредна состојба во три села поради „последиците од пожар и активирање на експлозивни направи“.

Во експлозиите една жена е ранета и пренесена во болница, 200 лица се евакуирани, објави Гушев на Телеграм.

Две лица се ранети во напад со беспилотно летало во соседниот регион Белгород. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во овие напади биле соборени седум беспилотни летала, пет над Воронеж и по еден над Белгород и Брајанск.

Украинците известија за руски ракетен напад на Змискиот остров во Црното Море. Употребени биле ракети КС-22, истрелани се четири такви ракети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ