Ова прашање е многу чувствително во Украина бидејќи многумина стравуваат дека украинските вооружени сили кои се борат против руската армија нема да станат цел на МКС, чија задача е да ги гони сторителите на геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и агресија.
Today, the Ukrainian Parliament ratified the Rome Statute. Ukraine has become the 125th member of the International Criminal Court @IntlCrimCourt.
This has been a long journey full of challenges, myths, and fears. None of them have been true. And today, we are finally there,…
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) August 21, 2024
Украинскиот шеф на дипломатијата Дмитро Кулеба го изрази своето задоволство од оваа „историска одлука“.
“Тоа беше долго патување полно со предизвици, митови и стравови. Ништо од тоа не беше вистина. И денес конечно го остваривме”, објави тој на платформата Икс.
За ратификација на Римскиот статут, основачкиот договор на МКС, гласаа 281 претставник, Украина да стане 125-та членка на таа институција, а беа потребни најмалку 226.
Одлуката ќе отвори „поголеми можности за казнување на Русите и ќе ја зајакне изолацијата на Русија“, објави на Фејсбук претставничката на партијата на претседателот, Евгенија Кравчук.
Според неа, Украина се повика на членот 124 од Римскиот статут, кој предвидува седумгодишно ослободување на сите Украинци, цивили и воени лица, од гонење за воени злосторства пред МКС.
На гласањето му претходеа „тешки дискусии“, изјави опозициската пратеничка Ирина Гуерашченко, која, како и нејзината партија Европска солидарност, не го поддржа текстот.
„Војниците побараа ратификацијата да биде одложена до крајот на воената состојба“, објави таа на Телеграм.
Никој не објасни што ќе се случи по истекувањето на седумгодишното ослободување од член 124, посочи таа.
По почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, МКС издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и неколку други високи цивилни и воени руски функционери за наводни воени злосторства во Украина.
Киев „веќе соработува“ со МКС за да „гарантира општа одговорност за сите руски злосторства“ во Украина, рече министерот Кулеба. „Оваа работа отсега ќе биде уште поефективна“.