Регионалниот главен град беше цел на повеќе „големи воздушни напади“ утринава, соопшти службата.
Како што е наведено, една зграда и шест куќи во различни населби во градот се тешко оштетени, на терен се 42 спасувачи.
„Според прелиминарните податоци, бројот на повредени лица достигна 11“, соопшти украинската спасувачка служба, според која спасувачките операции се веќе завршени.
Жена која била извлечена од урнатините е пренесена во болница.
Регионалниот гувернер Иван Федоров претходно изјави дека шест лица се повредени, двајца мажи и четири жени.
Официјални лица рекоа дека руската војска десет пати го гаѓала градот Запорожје, уништувајќи повеќекатница и неколку куќи.
Шефот на администрацијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак, на социјалните мрежи брзо го осуди новиот руски напад чија цел е тероризирање на цивилното население.
Тој повторно ги повика западните сојузници на Киев да обезбедат повеќе оружје за пресретнување на ракетите кои доаѓаат од Русија и да воведат ефективни економски санкции против рускиот воено-индустриски комплекс за да извршат поголем притисок врз Москва.
Русија го анектира јужниот украински регион Запорожје во 2022 година, иако не го држи целиот регион под своја контрола. Истоимениот главен град, кој се наоѓа на реката Днепар, сè уште е под контрола на Киев, но е честа мета на напади.