Малта се покажа како тврд орев за Украина која во петокот ни даде три гола во второто полувреме и дојде до победа во Скопје.
Украина не изгледаше убедливо во првото полувреме, Малта одлично парираше. Во вториот дел момците на Ребров додадоа гас и нападнаа поконкретно. Тоа резултираше со досуден пенал во 52. минута.
Ударот од белата точка не успеа да го реализира Јармоленко кој ја погоди пречката од голот на Малта.
Но 20 минути подоцна Украина доби уште една шанса од пенал, овојпат Циганков реализираше и донесе победа од 1-0.