Елиф Елмас на почетокот од годинава се пресели во РБ Лајпциг во потрага на поголема минутажа, но тој никако да се наметне кај тренерот Марко Розе, и оваа сезона има само 7 минути фудбал.
Па доколку не се промени неговиот статус во следните месеци, тој ќе се обиде да ја промени средината.
Враќање во Серија А е една опција, и тоа во Наполи, се шпекулира дека Антонио Конте е голем фан на сестраноста на Елиф Елмас и сака да го ангажира Македонецот.