петок, 29 ноември 2024

Украина бара обвинение против Русија за напад на детската болница во Киев

Украинскиот државен обвинител Андриј Костин денеска побара Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг да ја обвини Русија за неодамнешниот ракетен напад врз детската болница во Киев.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„За доброто на меѓународната правда, случаите како намерниот напад на најголемата детска болница во Киев (треба) да се префрлат на Меѓународниот кривичен суд“, изјави во четвртокот главниот обвинител Андриј Костин за Ројтерс.

Во серија руски ракетни напади во понеделникот во Украина загинаа 44 лица, меѓу кои две лица во детска болница, соопштија властите во Киев.

Москва негира дека ја нападнала болницата и ја обвинува украинската противвоздушна одбрана за нападот, една од најголемите во Европа која лекува пациенти со сериозни состојби како што се рак и бубрежни заболувања.

Мисијата на ОН за човекови права соопшти дека постои „голема веројатност“ болницата да била директно погодена од руска ракета, а украинската служба за безбедност соопшти дека има недвосмислени докази дека медицинската установа била погодена од руска крстосувачка ракета Кх-101.

Обвинителот Костин е во Хаг на редовни состаноци со правни претставници и рече дека ако МКС го преземе гонењето за нападот на болницата, тоа може да помогне да се воспостави шема на напади кои покажуваат дека Русија врши злосторства против човештвото во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ