Дмитро Бохатјук, кој раководи со Одделот за исчезнати лица во Министерството, рече дека бројката вклучува и војници и цивили.
Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Во нападите беа убиени илјадници луѓе, додека милиони беа раселени од своите домови.
Бохатјук изјави дека претходно имало повеќе од 51.000 исчезнати, но таа бројка вклучувала и илјадници воени заробеници.
„Бројот на исчезнати лица се намали откако беа пронајдени илјадници воени заробеници“, рече Бохатјук. Друг предизвик е да се идентификуваат мртвите пронајдени на бојното поле.
Бохатјук рече дека Министерството за одбрана не зема генетски примероци од војниците што ги испраќа на терен.
Последната бројка претставува значителен пораст од април, кога главниот народен правобранител на Украина, Дмитро Лубинец, откри дека речиси 37.000 Украинци се водат за исчезнати.
Министерството располага и со податоци за 7.000 лица чие место на живеење е веќе утврдено, вклучувајќи 3.000 живи и здрави поранешни воени затвореници и 4.000 убиени, главно војници, рече Бохатјук.
Во оваа бројка не се вклучени украинските деца насилно депортирани во Русија, Белорусија или окупираните територии, чиј број надминува 19.500.