Натпреварот помеѓу Романија и Косово во петокот не го доживеа својот крај и покрај тоа што требаше да се одиграат само уште три минути од судиското надополнување.
Капитенот Амир Рахмани ги поведе соиграчите во соблекувална поради, како што самите подоцна изјавија, погрдни и расистички скандирања на домашните навивачи.
Главниот судија потоа ги повика косовските фудбалери да го продолжат натпреварот, но тие одбија едно вакво сценарио, решија да останат во соблекувалната и да не го одиграат овој натпревар до крај.
Двете страни изминативе денови меѓусебно се обвинуваа кој е виновен за скандалот, а УЕФА отвори дисциплинска постапка.
Како што пренесува новинарот Емануел Рошу, Европската куќа на фудбалот планира да казни и суспендира фудбалери на Косово за гестовите и провокациите по кои настанал целиот хаос во Букурешт.
Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на УЕФА, која може да влијае и врз Македонија, со оглед на тоа дека на нашата селекција и требаше кикс на Романците во битка за место во баражот за СП 2026.
Excl. UEFA sources confirmed to me that Kosovo’s players face fines and suspensions for their gestures and provocations that led to the havoc in Bucharest on Friday.
Remember that the match was abandoned by the Kosovo NT with 3 mins of added time left. The score was tied at 0-0… pic.twitter.com/cNfUj5idFH— Emanuel Roşu (@Emishor) November 18, 2024