сабота, 30 ноември 2024

УЕФА ја исфрли Осасуна од Конференциската лига, тие им порачаа: Се правите силни на слабите, а слаби сте пред силните

Објавено на

часот

Сподели

Поради местење на натпревари во 2013 година, УЕФА реши да изрече суспензија на Осасуна од европските натпреварувања во идната сезона.

Тоа што во меѓувреме е променето раководството на клубот, не беше олеснителна околност. Осасуна нема да настапува во Конференциската лига за која избори пласман.

Малиот шпански клуб најави жалба на оваа одлука на УЕФА и јавно искритикува: „Се правите силни пред слабите, а слаби сте пред силните“.

Со ова Осасуна алудира на фактот што УЕФА изрекува казни само за малите екипи, а не ги казнува гигантите иако и тие прават прекршоци, едни од примерите се Манчестер Сити против кои имаше постапки и поминаа само со парична казна, како и Јувентус за кој има само закани, но никогаш и конкретна казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ