Тој беше уапсен во соработка со Агенцијата на Европската Унија за соработка во спроведувањето на законот (Европол). Во акцијата на СПО има уште уапсени, додава агенцијата.
Вељовиќ беше директор на Полициската управа од 2007 до 2011 година, а од 30 јули 2018 до 17 декември 2020 година во вториот мандат беше прв човек на црногорската полиција.
По завршувањето на првиот мандат, Вељовиќ му беше советник на тогашниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ во областа на безбедноста и одбраната, а за време на владата на Мило Ѓукановиќ од 2014 година беше и секретар на Советот за национална безбедност.
Кога ја напушти Полициската управа во декември 2020 година, по разговорите со тогашниот вицепремиер Дритан Абазовиќ, повторно се вработи во кабинетот на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ.
Вељовиќ ја извршуваше функцијата советник за безбедност и одбрана до 20 мај годинава.