Украинските медиуми соопштија дека претседателот на украинскиот фудбал, Павелко, завршил зад решетки. Против него е покренато обвинение за проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта.
Информациите велат дека тој добил притвор од 60 дена без можност да излезе со кауција. Сместен е во истражен затвор во Украина.
Обвинет е и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Украина, Јуриј Записоцки.
Сето ова се случува на денот кога Украина гостува во Скопје на квалификациски меч против Македонија.