Тухел доби подарок четвртфинале во Лигата на шампионите откако Нагелсман беше отпуштен од кормилото на Баерн Минхен. Нешто слично беше кога седна и на клупата на Челси, тогаш ја освои Лигата на шампионите.
„За утрешниот меч го анализиравме Сити во изминатите недели. Јас бев активен таму и во лигата како тренер. Мислам дека знаеме што да очекуваме. Сакаме да не им дозволиме да доминираат“, вели Тухел.
„Пеп Гвардиола на своите тимови им дава свој стил. Тоа што тој го прави е посебно. Ние ќе се обидеме да најдеме решенија со и без топка. Потребен ни е комплетен перформанс“.