недела, 20 октомври 2024

Тројца прилепчани краделе во црквата во село Воѓани, а полицијата ги стаса кај село Лагово

Објавено на

часот

Сподели

„На регионалниот пат Битола-Прилеп, во близина на с.Лагово, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(42), А.Р.(22) и Ќ.Ш.(41), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека од кругот на црквата Св.Никола во с.Воѓани, општина Кривогаштани, одзеле повеќе предмети. Одземеното е вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Фото: Илустрација

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ