Јокиќ постигна 16 поени, имаше 12 скокови и 13 асистенции, толку поени постигна и Браун, а поен повеќе имаше Портер.
Сепак ваквиот учинок не беше доволен за триумф, во составот на Оклахома имаше порасположени кошаркари, Гилџус-Александер беше најефикасен на теренот со 28 поени, Холмгрен имаше 25 поени и 14 скокови.
Лука Дончиќ со 28 поени, 10 скокови и осум асистенции го предводеше Далас до победа кај ривалот од Тексас, Сан Антонио. Домаќините победија со 120-109.
Новото засилување на Далас, Клеј Томпсон постигна 22 поени, Ирвинг постигна 15.
Резултати:
Вашингтон – Бостон 102-122
Далас – Сан Антонио 120-109
Денвер – Оклахома 87-102
Сакраменто – Минесота 115-117