Според Фатмир Реџепи порптпарол на СВР Тетово денеска во 12.20 часот на магистрален пат Гостивар – Стража, на излез од Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило пасат со регистерски таблици од Македонски Брод управувано од С.С. од Тетово, товарно возило мерцедес со гостиварски регистерски таблици управувано од Е.Б. од Гостивар и патничко возило ,мерцедес со струшки регистерски таблици управувано од А.К. од Струга.
Во незгодата со лесни телесни повреди се здобил возачот на патничкото мерцедес А.К од Струга, констатирани во медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар изјави за МИА портпаролот Реџепи.