вторник, 26 ноември 2024
НБА

Трета победа за Феникс, Лејкерс и Мајами поведоа со 2-1 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Клиперс играа без своите најдобри кошаркари, Џорџ и Ленард, тоа го искористи Феникс, дојде до триумф од 112-100 и поведе со 3-1 во серијата. Дурент со 31 поен и 11 скокови беше најдобар во составот на сонцата, Букер реализираше 30 поени, имаше и девет скокови. Најдобар на теренот беше кошаркарот на домаќините, Расел Вестбрук со 37 поени.

Лос Анџелес Лејкерс поведе со 2-1 во серијата против Мемфис откако славеше со 111-101. Во првата четвртина гостите постигнаа само девет поени, домаќините 35, тука ја направија предноста која ја одржуваа до самиот крај и славеа сигурна победа. Дејвис имаше блескава партија со 31 поен и 17 скокови, Леброн постигна 25 поени. Најдобар на теренот беше кошаркарот на Мемфис, Џа Морент со 45 поени, имаше 13 асистенции и девет скокови, неговата маестрална партија не помогна да се избегне поразот.

Со 2-1 поведе и Мајами кој убедливо со 121-99 славеше над Милвоки. Батлер со 30 поени беше најефикасен на мечот, кај Милвоки, Мидлтон постигна 23 поени.

Претходно Филаделфија по четврти пат го совлада Бруклин, овојпат со 96-88 и со максимални 4-0 се пласираше во конференциското полуфинале. Харис со 25 поени и 12 скокови беше најефикасен во составот на Филаделфија, Динвиди реализираше 20 за Бруклин.

Резултати: Бруклин – Филаделфија 88-96 (0-4), ЛА Клиперс – Феникс 100-112 (1-3), Мајами – Милвоки 121-99 (2-1), ЛА Лејкерс – Мемфис 111-101 (2-1).
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ