„Се договорив со Фокс њуз да имам дебата со Камала Харис во среда, на 4 септември“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.
Сè уште не е позната реакцијата на Камала Харис за дебатата.
Синоќа Џејми Харисон, претседателот на Демократскиот национален комитет и изборниот штаб на Камала Харис објави дека американската потпретседателка обезбедила доволен број делегациски гласови за кандидатурата на демократите на претстојните претседателски избори.
Делегатите гласаа онлајн за претседателскиот кандидат на партијата и гласањето сè уште не е завршено.
Таа најави дека официјално ќе ја прифати номинацијата следната недела кога ќе заврши виртуелното поднесување, со што ќе стане првата азиско-американска обоена жена што ќе се кандидира за претседателската функција.
Камала Харис се појави како можен демократски кандидат на ноемвриските претседателски избори по повлекувањето на актуелниот претседател Џо Бајден од изборната трка.