вторник, 19 ноември 2024

Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за со помош на војската да го спроведе протерувањето на нелегалните емигранти

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба во САД за со помош на оружените сили да ја спроведе својата програма за масовно протерување на нелегалните мигранти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Добра вест: според некои информации претстојната администрација на Доналд Трамп е спремна во рамки на програмата за масовно протерување да прогласи национална вонредна состојба и да ги употреби воените ресурси против масовната инвазија на (претседателот на САД во заминување Џо) Бајден“, напиша на социјалната платформа на Трамп Трут соушал Том Филтон, директорот на конзервативната организација Џудишал воч.

На тој пост на истата мрежа Трамп одговори: „Тоа е точно“.

Според проценките во САД има повеќе од 11 милиони нелегални мигранти, а здруженијата за човекови права се загрижени поради републиканскиот проект кон нив и почитувањето на правната држава.

Голем број економисти предупредуваат дека покрај огромниот трошок на таквата програма, протерувањето на милиони емигрантски работници би имало неизмерлив ефект на американската економија која веќе пати од недостиг на работна сила.

Трамп уште во април најави дека Националната гарда треба да биде способна да протерува.

„Ако тоа не се случи, ќе ја употребам војската“, односно сојузните трупи, кажа Трамп за Тајм.

Уставот му дозволува на претседателот на САД да прогласи „општа вонредна состојба“ во вонредни ситуации.

По победата на 5 ноември и пред преземањето на функцијата на 20 јануари, Трамп веќе најави дека планира брзо да дејствува против емигрантите, именувајќи на клучни позиции три лица со тврд став кон миграцијата.

Трамп претходно оцени дека емиграциската политика на демократите ги претворила Соединетите Американски Држави во „депонија на целиот свет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ