Трамп во ексклузивно интервју за неделникот Вашингтон Егзаминер изјави дека сака да го искористи историскиот момент и да ја обедини земјата.
„Говорот што планирав да го одржам во четврток требаше да биде навистина моќен. Да не се случеше ова (атентатот во Пенсилванија), тоа ќе беше еден од најневеројатните говори насочени главно кон политиката на претседателот Џозеф Бајден. Искрено, сега тоа ќе биде сосема поинаков говор“, изјави Трамп.
Тој изјави дека говорот ќе го одрази неговото верување дека нападот на митингот во Пенсилванија целосно го променил текот на изборната кампања, што веќе го потврдија и републиканците и демократите.
Трамп рече дека неговиот говор ќе биде одговор на моментот наметнат од историјата.
„Ова е можност да се обедини земјата, дури и целиот свет. Говорот значително ќе се разликува од оној што беше планиран пред два дена“, рече Трамп.