Во рамките на предизборната кампања, Трамп синоќа зборуваше на митинг во државата Пенсилванија. Трамп оцени дека неговиот ривал Харис е недоволно способна да се справува со лидери како што се рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг на политичката сцена.
Посочувајќи дека светот никогаш не бил толку блиску до глобална војна, Трамп вети дека оваа војна нема да се случи доколку тој повторно стане претседател на САД.
„Да се стави Камала Харис за претседател е да се коцка со животите на милиони луѓе. Харис дефинитивно ќе не одведе во Трета светска војна бидејќи е премногу неспособна да си ја врши работата правилно“, изјави Трамп.