Лацио е на втората позиција и води голема борба за местата кои водат во Лигата на шампионите, па вечерашниот пораз може скапо да ги чини на крајот од сезоната.
Тимот на Маурицио Сари не беше на нивото од претходните натпревари, не успеа да постигне гол, а прими еден.
Тоа се случи пред крајот на првото полувреме кога Илиќ со удар од далечина постигна гол за победа на Торино од 1-0.