вторник, 26 ноември 2024

Тодороски: Сакам да играм за Македонија

Македонскиот фудбалер, Александар Тодороски сезонава има одлични настапи за Спартак Суботица, веќе има три гола и две асистенции по десет одиграни натпревари.

Објавено на

часот

Сподели

Со своите настапи го привлече вниманието на српските медиуми, па во интервју за „Спортски Журнал“ не криеше дека има желба да заигра за Македонија. Досега немал таква можност бидејќи чека да се средат документите. Во овој момент Тодороски поседува само австриски пасош.

„Разговаравме, секако дека би сакал да играм за Македонија, но треба да се среди документацијата и патиштата да ни се поклопат, односно тие да сметаат дека сум играч кој може да помогне на националниот тим“, изјави Тодороски.

Станува збор за фудбалер кој е роден во Прилеп, но уште во детството со семејството заминува во Австрија каде што од 2013 до 2020 година игреаше во младинските тимови на Рапид, потоа во вториот тим на Виена, па во ФАЦ и Виенер од каде пристигна во Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ