Новиот сопственик на Челси, Тод Боли вложи огромни пари во нови засилувања, но сините имаат очајна сезона.
Некои медиуми и претходно пишуваа за пренатрупаноста од играчи во Челси и нестратегиско купување, пример сините немаат напаѓач, а донесоа толку многу фудбалери.
„Не можеме да ги обвинуваме тренерите ако и ние не преземеме одговорност. Ова е тежок момент за Челси, многу промени… имаме многу добри фудбалери, но исто така имаме и играчи кои не се среќни“, вели Тијаго Силва.
„Потребна ни е стратегија за да не ја направиме истата грешка следната сезона“.
Немањето на стратегија е основниот проблем за Челси. Има играчи кои се квалитетни, но за нив нема место ниту на клупата, па незадоволството кај нив се шири низ соблекувалната и целата атмосфера во тимот е токсична. Сето тоа се одразува врз игрите и резултатите.