вторник, 1 октомври 2024

Терминалот за течен природен гас „Александрополис“ на Гастрејд почнува со работa 

Трансформацијата на Александрополис во нова енергетска влезна порта за цела Централна и Југоисточна Европа ќе се одвива од денес, со почнувањето на деловното работење на терминалот за течен природен гас „Александрополис“.

Објавено на

часот

Сподели

Гастрејд објави дека денеска терминалот за течен гас „Александрополис“ почнува со деловно работење. Тој е еден од најважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво, дизајниран, изграден, во сопственост на, и управуван од Гастрејд. Историски проект замислен пред 15 години од Димитрис Копелузос.

Проектот придонесува кон енергетската безбедност и кон диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, надградувајќи ја улогата и важноста на Грција во современата енергетска карта на Европа, која станува енергетска влезна порта за повеќе од девет земји.

Спроведувањето на проектот почна да се материјализира кога беше донесена конечната одлука за инвестирање (ФИД, анг. FID) на 27 јануари 2022 година од страна на Гастрejд. Последователно, градежните работи на копно и на крајбрежјето во Александрополис брзо се одвиваа, при што во февруари 2023 година почна изградбата на специјалниот танкер – пловна единица за складирање и регасификација на течен гас (ФСРУ, анг. FSRU) во Сингапур.

ФСРУ исплови од бродоградилиштето „Ситриум“ на 26 ноември 2023 година, пристигнувајќи во водите на Тракиското Море на 17 декември 2023 година, каде што се закотви на својата постојана положба. Со успешното завршување на сите тестови за пуштање во употреба и издавањето на дозволата за работа од страна на Министерството за енергетика и животна средина изминатово лето, проектот беше ставен во работна готовност, со што официјално се овозможи отпочнување со деловното работење. Терминалот за течен гас Александрополис се состои, покрај пловната единица (ФСРУ), и од подморски и копнен гасовод кој ја поврзува пловната единица со Националниот систем за пренос на природен гас (ННГТС, анг. NNGTS) преку кој ќе се испорачува природен гас до Грција, Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија, Молдавија и Украина на исток, како и Унгарија и Словачка на запад. Пловната единица за складирање и регасификација (ФСРУ), наречена „Александрополис“ има најсовремена технологија, со максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно.

Генералниот директор на Гастрејд, Костис Сифнаиос, рече: „Сите во тимот на Гастрејд сме многу горди и возбудени што успешно стигнавме до крајот на ова долго патување и го реализиравме овој проект важен за нашата земја и за целиот регион. Нашата визија е да му обезбедиме на пазарот проект кој ќе функционира на начин кој е по мерка на општеството во Александрополис, животната средина и нашите клиенти, нудејќи стабилна и сигурна опција за снабдување, до која пристап ќе има целиот наш регион. Сакаме да станеме инфраструктура што ќе биде ‘репер за извонредност’“. „Потребна беше визијата на еден човек, 15 години напор и две години интензивна техничка подготовка за да може Грција, Александрополис, да се здобие со проект кој претставува пресек за енергетската положба на поширокиот европски регион. Терминалот за течен природен гас Александрополис е многу повеќе од деловен проект. Тоа е материјален доказ за можностите што ги имаме во Грција да создадеме европски инфраструктури кои ги решаваат проблемите на нашето време, нудејќи можности и перспективи за подобра и одржлива енергетска иднина“, нагласи основачкиот акционер на компанијата Елмина Копелузу.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ