петок, 11 октомври 2024

Италијански судија исклучен од ЛШ, упатил смртни закани кон фудбалер

УЕФА го промени четвртиот судија на мечот од Лигата на шампионите меѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон.

Објавено на

часот

Сподели

Првично на списокот беше Италијанецот Фабио Мареска, но тој е во центарот на скандал и по итна постапка е тргнат од листата.

„Газета дело Спорт“ објави дека Мареска бил главен судија на натпревар во Кувајт и притоа на еден од играчите му се заканил со смрт, односно рекол дека ќе го убие.

Фудбалерот тоа јавно го објавил, по што скандалот стигнал до УЕФА чиј член е Мареска. Одлуката е тој веќе да не суди натпревари од Лигата на шампионите.

На спомнатиот меч, против ПСВ и Спортинг, него ќе го замени сонародникот Даниеле Довери. Натпреварот се игра вечерва од 21 часот, главен судија е Марко Гвида, а ќе му помагаат Чиро Карбоне и Џорџо Перети.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ