Манчестер јунајтед синоќа повторно ги разочара своите навивачи откако загуби со убедливи 3-0 на гостувањето кај Севиља и испадна од Лига Европа.
Фудбалерите на англискиот тим имаа очајна партија, полна со кардинални грешки, но Тен Хаг вели дека не е во прашање квалитетот, туку карактерот кој не го покажува Манчестер јунајтед.
„Севиља беше подобра, покажа поголема страст во секој поглед. Тешко е да признаеме, но тоа е, им честитам за победата“, вели Тен Хаг.
„Тоа ние што го прикажавме е неприфатливо. Мора да учиме од вакви натпревари, да ги почнуваме подобро, со поголема страст, со повеќе желба и смиреност кога топката е во нас. Кога први ќе добиеме удар мора да знаеме да се справиме со тоа и да се вратиме во мечот“.
„Не станува збор за фудбалско познавање, за фудбалски квалитети, туку станува збор за карактер, немавме доволно карактер. Се изневеривме самите себе, но ги изневеривме и фановите. Ако сакате да освојувате трофеи и да бидете успешни, мора да покажете карактер. Ние тоа го немавме“.