вторник, 26 ноември 2024

Телеграф: Кина ја вооружува Русија, има испратено десетици илјади пратки

Објавено на

часот

Сподели

Информациите се во спротивност со тврдењата на Кина за неутралност и нејзините ветувања дека нема да доставува оружје ниту на украинските, ниту на руските сили. Кина сакаше да ја преземе главната улога во мировните преговори, а сега се објавуваат информации дека континуирано ја поддржува Русија.

Според Телеграф, кинеска компанија испратила 1.000 дронови во Русија пред инвазијата во февруари 2022 година. Компанијата се опишала себеси како „продавач на детски играчки на големо“ и ги испратила дроновите на руска компанија која лажно тврдела дека е исто така продавач на играчки. По почетокот на инвазијата, кинеските компании продолжија да ѝ доставуваат воена помош на Русија, вклучително и турбо-млазни и ракетни навигациски системи кои минуваа низ Индија и Костарика, пишува Телеграф.

Стоките што Кина ги извезува се официјално класифицирани како „стоки со двојна употреба“, што значи дека тие имаат и невоена примена. Оваа класификација и овозможува на Кина да ги избегне меѓународните санкции и да ја одржи илузијата дека не ѝ дава воена помош на Русија, пишува британскиот весник.

Во фактурите за пратки на оптички нишани, кои се прикачени на оружјето за полесно нишанење, пишувало дека станува збор за „ловечки уреди“. НАТО и САД рекоа дека Кина ќе се соочи со тешки последици ако ѝ обезбеди воена помош на Русија.

Истрагата на Телеграф откри трговски податоци од Кина кои покажуваат дека Пекинг сега е „клучен спас“ за Русија во екот на парализирачките економски санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ