Ѕвездата на Бостон, Џејсон Тејтум стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 51 поен во седми натпревар од една плејоф серија. Покрај поените, тој имаше и 13 скокови со што запиша дабл-дабл учинок.
Jayson Tatum’s 51 points today are the most ever scored in a Game 7.
History. pic.twitter.com/WqiRPbVUgD
— NBA History (@NBAHistory) May 14, 2023
Филаделфија се држеше во првото полувреме кое беше неизвесно, но падна во третиот период од мечот во кој постигна само десет поени. Тогаш беше решен победникот во овој дуел, Бостон создаде недостижна предност, конечниот резултат беше 112-88.
Главните ѕвезди на Филаделфија потфрлија на овој меч. Играчот кој беше прогласен за МВП на сезоната, Џоел Ембид постигна само 15 поени, а Харден беше уште полош со само девет поени. Најефикасен во нивниот тим беше Харис со 19 поени, Максеј постигна 19.
Во финалето на источната конференција Бостон ќе игра против Мајами, на западот играат Лејкерс против Денвер.