петок, 18 октомври 2024

Татко со стап му го скршил черепот на синот!

Објавено на

часот

Сподели

Според велешката полиција, тепачката се случила пред продавница на улица Јордан Ѓурнов, каде прво дошло до вербална расправија меѓу таткото Р.Ј. (49) и синот Е.Ј. (28).

Во еден момент таткото со дрвен стап го удрил по глава синот, по што овој истиот момент се струполил на земја.

Повредениот син бил пренесен во велешката болница, каде што лекарите утврдиле повреди на черепот, по што тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата извршила разговор со таткото, а се работи на целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ