петок, 8 ноември 2024

Вардар е подготвен за европскиот предизвик, почнува со меч против Валур

По неколку годишна пауза, Вардар се враќа групна фаза од едно европско натпреварување, оваа сезона ќе биде дел од Европската лига, а првиот меч е утре во „Јане Сандански“ против исландскиот Валур.

Објавено на

часот

Сподели

Вардарци се подготвени за новиот европски предизвик, а тренерот Владо Недановски се надева дека наскоро ќе се вратат и во Лигата на шампионите.

„Среќен сум што во „Јане Сандански“ пак ќе се игра европски меч, а се надевам дека наскоро тоа одново ќе биде дуел од Лигата на шампионите. Противникот игра брз и модерен ракомет, на кој ќе мора да му парираме. Ја прифаќаме фаворитската улога во пресметката со Валур, но тоа не значи дека ќе ги потцениме – напротив. Добро сме подготвени и се надевам на најдобар можен исход. Не сметам дека групата е поволна за нас, но сакаме да играме со квалитетни ривали“, изјави Недановски.

Ракометарот Милан Лазаревски се надева дека Вардар во Европската лига ќе тргне со победа.

„Имаме добра група и на нас е да го искористиме тоа. Валур е противник по наша мерка, зашто не се премногу физички силни туку играат брз ракомет. Фаворити сме на домашен терен и сметам дека имаме добра шанса триумфално да го почнеме настапот во Европската лига. Со нетрпение ја очекуваме оваа пресметка и се надевам дека на крајот сите заедно ќе се радуваме“, вели пикерот на Вардар.

Тренерот Недановски потврди дека Вардар ќе биде без левиот бек, Дмитри Хориха кој има повреда на шутерската рака.

„Пинто е повреден некое време, а останавме и без Хориха кој има скината тетива на шутерската рака и мораше да оди на операција, така што одредено време ќе бедеме и без него“, изјави Недановски.

Мечот меѓу Вардар и Валур се игра утре (вторник) со почеток од 20:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ