среда, 20 ноември 2024
Лидерот на владината АА се оградува од дел од политиките

Таравари не се согласува со премиерот, вели Отворен Балкан е бесмислена и нелегитимна иницијатива

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да ги уверам граѓаните дека Алијансата за Албанците се оградува од секоја нова иницијатива на Владата на Република Северна Македонија во рамките на веќе прекинатиот механизам познат како Отворен Балкан.

Со излегувањето на Република Албанија од Отворен Балкан, овој механизам стана бесмислен и нелегитимен. Дупликативните и неинклузивните механизми кои создаваат Западен Балкан со две брзини, не му помагаат на интегративниот дух во регионот.

Патот напред е јасен: веќе потпишаните договори во рамките на Отворениот Балкан мора да бидат целосно интегрирани и имплементирани во рамките на Берлинскиот процес, почнувајќи од октомврискиот самит во Тирана“, гласи ставот на Таравари кој го споделува и раководството на Алијанса за Албанците која партија го сподели овој став и како партиски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ