среда, 4 декември 2024

Голем штрајк во Грција, земјата е блокирана, се бараат поголеми плати

Бродовите се вкотвени во грчките пристаништа, а железничките и автобуските услуги се прекинати бидејќи транспортните работници, учителите и градежните работници се придружија на штрајкот низ целата земја во знак на протест против намалениот животен стандард и со барање за поголеми плати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На многу Грци платите и пензиите им се намалени во замена за помошта од 280 милијарди евра за време на должничката криза од 2009 до 2018, која за четврт ја намали грчката економија и речиси ја истурка земјата од еврозоната.

Бидејќи грчката економија заздравува од 2018, откако ја презема власта во 2019 десничарската влада на премиерот Киријакос Мицотакис ја зголеми минималната месечна бруто плата на 830 евра и вети дека до 2027 ќе ја зголеми на 950 евра.

Грците порачуваат дека тоа не е доволно и дека платите, кои заостануваат зад европскиот просек, не им издржуваат цел месец бидејќи трошоците за храна, енергија и кирии нагло пораснале.

„Цените и кириите нагло пораснаа, додека платите се многу ниски“, пишува на плакат на ГСЕЕ, најголемиот грчки синдикат на приватниот сектор, кој повика на моментално и значително зголемување на платите за работниците кои се борат со високите трошоци за живот.

ГСЕЕ, кој претставува околу 2.5 милиони работници во Грција, побара од владата да дејствува против олигополот кој го обвини за усогласување на праксата што ги зголемило цените на основните продукти. Се очекува голем протест во центарот на Атина.

Мицотакис вчера призна дека е можно подобрување во однос на платите и БДП по жител и повторно ја повика Европската Унија да помогне со разликите во цените на струјата поради што Грците плаќаат многу повеќе од останатите земји во блокот.

Штрајкот се одржува во момент кога владата го поднесува својот конечен буџет за 2025 во парламентот за расправа, пред гласањето следниот месец.

Нацрт буџетот предвидува економски раст од 2,3 отсто следната година и поголеми даночни приходи благодарение на ширењето на дигиталните плаќања и растечката продажба на недвижности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ