недела, 20 октомври 2024

Сведоците на Обвинителството не се појавија на рочиштето за случајот за клиниката „Жан Митрев“

Денешното рочиште за случајот против клиниката „Жан Митрев“ и д-р Митрев денеска повторно е одложено. Судијката беше принудена да го откаже откако беше утврдено дека сведоците на обвинителството не се присутни во судницата.

Објавено на

часот

Сподели

За денешното рочиште беа закажани изјавите на сведоците на обвинението. Еден од сведоците дојде, ама без лична карта за идентификација, а вториот сведок воопшто не се појави затоа што наводно не бил воопшто известен.

На рочиштето беше присутен Жан Митрев, кој е повреден и се движи на штаки.

Одбраната го извести судот дека континуираната психичка тортура врз д-р Митрев која почна со монтираната сторија, продолжува со уште еден морбиден обид кога во форма на монтирана фотографија беше објавена на социјалните мрежи неколку дена пред рочиштето на која д-р Митрев е прикажан изрешетан со повеќе прострелни рани и со текст „убиен познатиот македонски лекар“.

„Која е пораката на оваа континуирана тортура врз обвинетиот, дали можеби целта на ваквото психичко уништување на врвниот кардиохирург е да му биде преземена клиниката. Дали со оваа фотографија од убиениот Жан Митрев се испраќа порака дека така ќе заврши“, праша денеска одбраната на д-р Митрев.

Неговите адвокати велат дека овие постапки, заедно со постапките на институциите, за д-р Митрев претставуваат континуитет на тортурата што се врши врз него и оневозможување на неговите основни права.

„Па така и покрај енормно високата гаранција од еден милион евра за негово присуство на судењето, му се попречуваат сите аспекти на животот почнувајќи од правото на приватен живот кога му е одбиено привремено враќање на патната исправа заради придружба на неговиот син на приемен испит за лекарската професија, правото на професионална дејност кога му е одбиено привремено враќање на патната исправа заради присуство на конгрес од највисоко ниво на кардиохирурзи на кој бил поканет да презентира наука пред форум на врвни кардиолози од светски ранг. И конечно правото на лекување од тешката повреда која во меѓувреме ја преживеа во установа соодветна за лекување на такви повреди за да се одбегне можноста да биде онеспособен за вршење на неговата професија заради повредата, кое што барање е во тек, но на истото дури и однапред знаеме дека не се ни обрнува внимание бидејќи одбраната доби закана дека ќе биде отфрлено барањето затоа што немало оригинални докази, иако истите се наоѓаат во судскиот предмет кој судечкиот судија го достави до Кривичниот совет. За конкретниот случај бараме судот да стори сѐ  за да владее правото, а не заканата од насилие кон д-р Жан Митрев“, вели неговата одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ