понеделник, 25 ноември 2024

Сузбивањето на финансискиот криминал – клучно прашање во евроинтеграциите

На денешната 15-та сесија на Работната група 4, Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал: Важноста на ефикасните финансиски истраги“, беше најавено дека во владина процедура е Стратегијата за финансиска истраги и конфискација на имот за периодот 2024-2028 со акционен план .

Објавено на

часот

Сподели

Државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски, кој е копретседавач на работната група истакна дека новата стратегија се базира на длабока анализа и усогласување на националното законодавство со релевантните меѓународни стандарди и реални потреби на институциите вклучени во финансиска истрага и конфискација на имот.

Новата стратегија се базира на длабока анализа и усогласување на националното законодавство со релевантните меѓународни стандарди и реални потреби на институциите вклучени во финансиска истрага и конфискација на имот. Во подготовка на оваа Стратегија се ангажирани повеќе од 10 национални институции што гарантира дека сите активности се правилно испланирани и осмислени.

Петрушевски го заврши воведното обраќање со констатацијата дека „со успешно спроведената конфискација на нелегално стекнатиот имот ќе покажеме колку една држава вистински е посветена во борбата против организираниот криминал и корупција. Не постои успех во сузбивањето на организираниот криминал ако од криминалците не се одземе неосновано стекнатиот имот и доколку државата со еден мултиинституционален пристап не им докаже на криминалците дека криминалот не е исплатлив, независно од богатството кој го создава.“

Директорот на Бирото за јавна безбедност. Александар Јанев ја поздрави можноста да се продискутира околу предизвиците во борбата со финансискиот криминал во нашата држава од аспект на важноста на ефикасните финансиски истраги како и да се назначат конкретни стратешки насоки што во многу ќе придонесат во градењето на механизми за успешно институционално справување со финансискиот криминал.

„Базичните стратешки точки во успешната борба или истраги по однос на најтешките или најсложени облици организиран криминал лежат во: квалитетната меѓуинституционална соработка, и тоа не само на национално ниво, туку и пошироко – билатерално и мултилатерална; потоа во соодветно континуирано стручно-професионално градење на човечките капацитети, со напоредно следење, размена и ползување на искуствата – практични и теоретски; како и во постојаното модернизирање и унапредување на техничко-технолошките перформанси без чијашто практична инволвираност во оперативен поглед не може да се држи чекор со предизвиците на различните форми на финансиски незаконитости. Секако целта е повеќе од императивна а тоа е: зајакнување на организациско-техничките и човечки потенцијали на сите надлежни институции инволвирани во спречувањето и справувањето со конкретните облици на криминал. Се разбира не треба да се тргне од ум дека тие намери треба да бидат фундирани врз основа на сообразени нормативни принципи и стандарди, како рамки што ќе овозможат поголема оперативна ефикасност“, истакна  директорот на БЈБ, Јанев.

Настанот започна со обраќање на професорката Милена Ѓуровска-национален координатор на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење во Македонија, која укажа на комплексноста на организираниот криминал, во чие битие се вклучени економските и финансиските трансакции. Во својот говор, посочи дека и покрај постигнатото ниво во борбата против организираниот криминал, неопходно е зајакнување на ефикасноста во справувањето со перењето пари, финансискиот криминал и поуспешна конфискација на имотот кој произлегува од криминалот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ